Професорскиот пленум е во распаѓање откако се поголем број професори поднесуваат барање да бидат избришани од списокот на членови поради несогласувањето со пленумците блиски на СДСМ да бидат употребени како партиски војници во битката на Заев за уривање на власта.
Република дознава дека за професорите кои го напуштиле пленумот неразбирлив бил односот на нивните колеги кои постојано ја опструирале работата на пленумот во насока на изготвување на предлози за подобрување на Законот за високо образование, за што и првенствено беше формирано ова тело. Наместо да работат на предлагање идеи и концепти за новото законско решение, инсталациите на СДСМ ги убедувале останатите членови дека законските измени не се итни, односно дека пленумот сега има друг приоритет, а тоа е да биде во фаза на мирување се додека дојде вистинското време да се активираат. Голем дел од професорите биле навредени од ваквиот понижувачки однос од страна на нивните колеги кои со нивното дејствување како партиска испостава на СДСМ на најдрзок начин ја злоупотребиле нивната доверба и авторитет и ги ставиле во служба на политичките интереси на Заев со единствена цел за уривање на владата. Незадоволните пленумци барале од колегите да го зачуваат минималниот интегритет на академската фела, но од другата страна добиле контраобвинувања дека тие се виновни за растурање на пленумот затоа што не биле конструктивни и носеле избрзани решенија.
Пленумците на СДСМ молеле дел од револтираните колеги да не избрзуваат со одлуките за напуштање на пленумот, дека ги разбираат нивните фрустрации, но и дека постоењето на пленумот е многу важно затоа што не се знаело кога повторно ќе има потреба да се мобилизираат.
Меѓу професорите кои го напуштиле Професорскиот пленум се Јасна Котеска, професорка на Филолошкиот факултет, Мирољуб Шукаров професор на Универзитетот на Југоисточка Европа, Блерим Река професор на Универзитетот на Југоисточна Европа, Руфи Османи вонреден професор на Универзитетот на Југоисточна Европа, Пламен Тројачанец професор на факултетот за Ветеринарна медицина, Димитар Апасиев асистент наУниверзитетотГоце Делчев во Штипи член на левичарското движење Ленка.
Република вчера објави дека несогласувањата во Професорскиот пленум кулминирал на синоќешниот состанок на Професорскиот пленум избила жестока кавга меѓу спротивставените страни- партиската испостава на СДСМ од една и револтираните професори од друга страна.
Дел од нив реагирале дека нивната цел со зачленувањето во пленумот не била да станат партиски војници кои ќе бидат „активирани по потреба“ и дека ако сакале да бидат членови на некоја партија тоа ќе го стореле одамна. Кавгата била толку жестока што дел од учесниците ја напуштиле средбата со плачење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст