| четврток, 6 декември 2018 |

Со македонскиот пасош без визи во 101 земја

Според индексот на пасоши што го изработи финансиската консултантска компанија„ „Артон Кепитол“ државите се рангирани врз основа на тоа во колку држави со нивниот пасош може слободно да се влезе. Македонскиот пасош е рангиран на 33-то место. Веднаш зад САД и Велика Британија се најдоа Франција, Јужна Кореја и Германија, чии државјани можат да влезат во 145 држави, додека трето место го делат Италија и Шведска.

Од државите од регионот, најдобро е рангирана Словенија на 12.  место, чии државјани можат слободно да патуваат во 135 држави. Бугарија е на 15. место, а Хрватска на 19 место.  Србија е малку подобро рангирана од Македонија, на 31 место и нејзините граѓани можат да влезат во 104 земји.  Црна Гора е на 35, БиХ на 38, а Албанија на 40. место.

Најмалку пожелни пасоши според овој индекс се Соломонските острови, Мјанмар, Јужен Судан, Сао Томе и Принципе и палестиски територии, со чии пасоши може да се влезе во само 28 држави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top