На листата на 10 најдобри професии во САД во 2015 година три се поврзани со математика, а меѓу 10-те најлоши три се од областа на медиумите.
Во истражувањето во кое се оценувале 200 различни професии во повеќе категории, како што се опкружувањето на работното место, заработка, стрес и шанси за губење на работата, на прво место е актуар, стручњак кој се занимава со предвидуање и заштита од финансиска неизвеснот и ризик, користејќи математички методи на теоријата на веројатност и статистика.
На трето и четврто место се занимањата математичар и статистичар, а професиите поврзани со здравство и информациски технологии се исто така во врвот на листата, благодарејќи на високите плати и добрите шанси за вработување.
Втор на листата е аудиолог, стручњак кој се занимава со испитување и лечење на слухот, а од занимањата од областа на здравството меѓу 10-те најдобри се и биомедицински инженер (5), забен техничар (7) и терапевт (9).
До одлично рангираните занимања од областа на информациските технологии – информатичар (6), програмер (8) и аналитичар на компјутерски системи (10).
На листата на 10-те најлоши занимања во националното истражување на прво место е новинар-известувач, а од професиите во медиумите посебно лошо котираат телевизиски или радио-водител (5) и фоторепортер (6).
Меѓу најлошите професии се дрводелец, професионален војник, готвач, затворски чувар, возач на такси, пожарникар и поштар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.