| четврток, 6 декември 2018 |

Се одбележува Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите

stobi
Одбележување на значењето на културното наследство, на интересот за културната разноликост на наследството и опасностите на кои тоа е изложено за да се заштити и конзервира е целта на чествувањето на 18 Април – Меѓународниот ден на културното наследство.
Годинава прославата е во знакот на одбележување на 50 години од формирањето на ИКОМОС (1965-2015). По тој повод Програмскиот колегиум и Извршниот одбор на Националниот Комитет – ИКОМОС Македонија одлучи 2015 да се прогласи за година на ИКОМОС во Република Македонија и сите активности на комитетот во 2015 година да ги посвети на овој јубилеј.
– Националниот комитет ќе продолжи уште поактивно да делува во заштита на културното наследство, како на национално, така и на регионално и на меѓународно ниво – велат од ИКОМОС Македонија.
На Вториот конгрес на архитектите и специјалистите за историски градби одржан во Венеција во 1964 година, усвоени се 13 резолуции познати како „Венецијанска повелба“ и препратени до УНЕСКО со препорака за формирање на ИКОМОС – Меѓународен совет за споменици и локалитети.
Од 21-25 јуни 1965 година одржана е Првата конститутивна седница седница на ИКОМОС во Варшава, Полска на која учествуваа претставници од 26 земји и претставници на тритте главни институции кои придонесоа кон формирањето на ИКОМОС – ИККРОМ, ИКОМ и Унијата на архитектите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top