| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку 33 загинати при бомбашки напад во Авганистан

напад

Најмалку 33 лица загинаа, а над сто се повредени денеска при експлозија во градот Џалалабад во источниот дел на Авганистан, соопшти локалната полиција.

Експлозијата, која најверојатно ја предизвикал бомбаш самоубиец, се случила пред една банка каде поголем број државни службеници чекале да ги подигнат своите плати, соопшти началникот на полицијата во Џалалабад.

Очевидци тврдат дека имало и втора експлозија кога голем број лица дошле да им помогнат на жртвите на нападот, но според полицискиот началник, ваквите тврдења се проверуваат.

Набрзо по експлозијата се огласија талибанските бунтовниции кои отфрлија каква и да било нивна поврзаност со овој терористички напад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top