Доколку сте таен агент на ЦИА и морате на друг агент да пренесете важна порака, истовремено знаејќи дека е можно „и ѕидовите да имаат уши“, тогаш имате многу малку опции како да ја пренесете таа порака.
Книгата со наслов “Официјален прирачник на ЦИА за трикови”, била напишана врз основа на два прирачници кои ги пишувал професионалниот сценски магионичар – Џон Мулхоланд.
За време на Студената војна, ЦИА го ангажирала Мулхоланд да ги научи оперативците на своите трикови и тајни сигнали, кои можат да се користат на терен.
Една од тајните шифри кои ги научил агентите е да ги врзуваат чевлите на посебен начин, а при тоа да пренесат порака според начинот на кој ги врзале.
Интересно е тоа што, малите прирачници на Мулхоланд требало да бидат уништени во 1973-тата година, но копиите биле откриени во 2007-та година во архивата ЦИА, од страна на разузнавачкиот историчар Х. Кит Мелтон и пензионираниот офицер на ЦИА, Роберт Волас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Какви чевли треба да носите според хороскопскиот знак
-
Весела математика: Бројот на чевли кој го носите зборува за тоа колку години ќе живеете!
-
Секојдневните маки имаат научно објаснување: Зошто ни се одврзуваат врвките додека одиме
-
Кралицата Елизабета вработила жена која ќе ѝ ги разгазува новите чевли




