Едно лице загина, а пет други се ранети денеска при експлозија на автомобил-бомба пред американскиот Генерален конзулат во административниот центар на Ирачки Курдистан, Ербил.
– Автомобилот-бомба експлодира пред влезот на американскиот Конзулат. По се изгледа цел на нападот бил Конзулатот, изјави градоначалникот на Ербил, Нихад Која.
ДПА јави дека најверојатно во автомобилот-бомба имало бомбаш самоубиец.
Според очевидци, по експлозијата избувнал пожар кој зафатил неколку возила паркирани во близина на автомобилот-бомба.
Американскиот Конзулат соопшти дека при експлозијата нема жртви меѓа вработените и обезбедувањето на објектот.
Досега никој не презеде одговорност за нападот.
Во Ербил ретко се случуваат бомбашки напади и тој важи за еден од најмирните региони во Ирак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


