| четврток, 6 декември 2018 |

За шест дена во Италија пристигнале над 11.000 илегални имигранти

Во последниве шест дена на италијанскиот брег пристигнале над 11.000 илегални имигранти, од кои околу 400 само денеска, соопшти пограничната служба на Италија.

Во соопштението се посочува дека италијански граничари и припадници на Воената морнарица претпладнево на еден брод во близина на местото Позало на Сицилија, пресретанле брод со над 300 илегални имигранти, меѓу кои имало и 45 жени и 23 малолетници.

Една жена го загуби животот, а уште 15 лица се ранети при експлозија на уред на плин на еден помал брод на кој имало речиси 90 илегални имигранти, се додава во соопштението.

Сите пресретнати имигранти се пренесени во прифатниот центар на италијанскиот остров Лампедуза, во близина на бреготвите на Тунис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top