Компанијата „Дрекслмајер“ денеска додели пет стипендии на најдобрите студенти од електротехничките и машинските факултети кои аплицираа на конкурсот.
Договорите со избраните студенти ги потпишаа техничкиот директор на компанијата Лукас Мирингер и менаџерот за човечки ресурси Афродита Гоцевска.
Стипендиската програма се однесува на студентите од четвртата година од студиите, а стипендијата опфаќа месечен паричен надомест во текот на следните шест месеци, како и овозможување на двомесечна пракса во фабриката „Дрекслмајер“ во Кавадарци.
Стипендистите кои успешно ќе ги завршат студиите и ќе се истакнат со својот ангажман и активности за време на праксата, ќе имаат можност да потпишат договор за вработување и да се придружат на тимот на вработени во „Дрекслмајер“.
Согласно долгорочната стратегија за поддршка на младите луѓе, компанијата има во план да ја прошири својата стипендиска програма и за студентите од пониските години на студирање
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст