Во рамките на Европската унија најнизок однос спрема возрасните е бројот на децата во Германија и Бугарија.
Податоците од Европската статистичка служба (Евростат) покажуваат дека во 2014 година само 13,1 отсто од населението во Федералната република биле на возраст под 15 години. На второ место се наоѓа Бугарија со 13,7 отсто детско население.
Земјите со највисок процент на детско население се Ирска (22 отсто), потоа следи Франција (18,6 отсто) и Велика Британија (17,6 отсто).
Општо земено, учеството на децата во повеќето европски земји ќе продолжи да опаѓа во наредните децении.
До 2050 година дури во девет земји-членки тој раст ќе порасне: Австрија, Белгија, Бугарија, Чешка, Летонија, Литванија, Луксембург, Малта, Словенија и Шведска.
Со најмал процент на население во детска возраст ќе останат Португалија и Словачка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.