| четврток, 6 декември 2018 |

Без примени вакцини нема упис во градинка и во училиште

jadranka

Децата што немаат примени вакцини од задолжителниот календар за имунизација нема да бидат примени во градинка и во училиште. Иако ова и досега беше законска обврска, има образовни институции што не ја почитуваат. Од Министерството за здравство ќе побараат поригорозна примена на оваа законска одредба.

– И во многу западни земји вакцината не е задолжителна, но без вакцинален картон децата не ги примаат во училиште. Ние знаеме дека има отстапки и ќе бараме да биде поригорозно – вели Јованка Костовска

Ова следува по податоците за минатата година кои покажуваат дека има благо намалување на процентот со имунизација. Ако продолжи овој тренд, лекарите со песимистички прогнози дека ќе се вратат веќе искоренети болести.

– Ќе се создаде една група на деца кои не се вакцинирани, а знаеме дека има земји како Америка каде што се борат со морбили и не можат да се справат – вели Костовска

Со едукација на матичните лекари, родителите и вработените во центрите за имунизација, надлежните сакаат да докажат кој е бенефитот од вакцинацијата. Исто така, ќе се има увид и кај самите вакцини – кој е производител и каков е составот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top