Апелирам до граѓаните и политичките партии да покажат висока свест и да не дозволат да бидат вовлечени во какви било изборни инциденти или нерегуларности. Нема да се толерира никаква узурпација или нарушување на изборниот процес, порача денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.
Јанкуловска рече дека во рамки на подготовките за овие избори, Министерството веќе изготвило мапа со места со зголемен ризик од тензии врз база на инцидентите регистрирани во претходните изборни циклуси и врз база на оперативните сознанија и информации.
– На денот на изборите, МВР ќе ги обезбедува 2976 – те избирачки места од 06-19,оо часот, односно се до целосно завршување на гласањето и на работата на Избирачките одбори. Тоа подразбира дека на денот на изборите ќе се превземат сите неопходни мерки за отстранување на потенцијалните закани по безбедноста во овој период и тоа: попречување на евентуални обиди за спречување на слободата на движењето на гласачите до и од гласачките места, спречување заплашување или малтретирање на гласачи, превземање мерки при евентуални закани насочени кон членовите на органите надлежни за спроведување на изборите, овластените набљудувачи, медиумите, спречување на напади, оштетување на објектите каде се врши гласањето, спречување на оштетување и одземање на избирачкиот и гласачкиот материјал на гласачките места, воспоставување на евентуално нарушен ЈРМ на гласачкото место по барање на Избирачкиот одбор, спречување носење на оружје на јавни места а посебно да не се дозволи носење на оружје во и околу гласачките места, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.
Јанкуловска информираше дека сите граѓани кои го изгубиле или немаат биометриски личен документ неопходен за гласање, дека за истиот ќе може да аплицираат и утре.
Управните служби на МВР во текот на утрешниот ден, низ цела република ќе примаат и ќе ги одобруваат барањата од 08.30 часот до 16.30 часот. Граѓаните кои утре ќе аплицираат или кои аплицирале претходниве денови, ќе можат личните документи да ги подигнуваат и во недела бидејќи на 24-ти предвидено е да работат сите Управни служби да работат од 07.00 часот до 19.00 часот, но само за издавање документи, со исклучок на Скопје каде што и во недела ќе може во итна постапка да се аплицира, рече Јанкуловска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Инциденти во Солун, откажан говорот на министерот за образование на Грција
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил