| четврток, 6 декември 2018 |

Петмина маскирани нападнале и ограбиле 18 илегални мигранти од Сирија

мигранти

На 17.4.2015 година, во 1.00 часот во нива во скопското село Студеничани, од страна на пет лица, облечени во маскирни униформи, била запрена група од 18 илегални мигранти од Сирија и под закана со огнено оружје од нив одземени биле 335 евра, 8.000 денари и 2 мобилни телефона.

За време на разбојништвото, соопшти денеска МВР, употребено било и огнено оружје од страна на едно од  петте лица и притоа повреден е еден од сириските државјани во пределот на левата надколеница и истиот се здобил со телесни повреди. Веднаш потоа, од страна на сириските државјани било совладано лицето што пукало, му било одземено оружјето и бил предаден во полициска станица. Се работи за Б.Ш.(20) од село Студеничани. Повредениот сириски државјанин со возило на ИМП бил пренесен во УЦ-Скопје, каде што му се констатирани телесни повреди и е задржан на натамошно лекување. За Б.Ш. по брза постапка ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, додека, пак, по другите лица интензивно се трага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top