Вашите мозаици беа изложени во Уметничката галерија во Куманово. Ова е Ваша четврта самостојна изложба, по двете во Скопје и во Торонто. Кажете ни како протече изложбата? Кои се Вашите импресии?
Корубин: Апсолутно сум задоволна од поставката на изложбата, која брои 25 мозаици, прекрасниот простор во галеријата, организацијата и од гостопримството. Организаторите, на чело со директорката Анита Цветановска, сторија сѐ за отворањето на изложбата да изгледа високопрофесионално… со штафелаи, помош од соработници, голем број посетители и медиумска поддршка.
Во македонската јавност името на Лиле Корубин до неодамна беше синоним за модата, креациите, убавата надворешност…, но неколку години Вие изработувате мозаици. Од каде идејата за таква уметност? Имавте ли некакво претходно искуство?
Корубин: Да, во право сте. Долги години бев во модата, но тоа не значи дека сега сум далеку од неа. Напротив. Пишувам за мода во еден од најдобрите веб-сајтови за култура и за креативната страна на животот „Дивиан артс“ (Divian arts). Инаку, љубовта кон мозаикот ја носам од детски нозе, восхитена од Хераклеја, Пела и од Стоби. Кога мојот сопруг ги работеше мозаикот во Пелинце и мозаикот на Правниот факултет „Јустинијан Први“, веќе знаев дека тоа е она што сакам да го работам. Секој камен е приказна за себе, меѓутоа неговото значење се менува во зависност од опкружувањето и односите со другите материјали. Односот на материјалите е креативна енергија што ја носи истовремено новата содржина и причината за настанување на новиот мозаик.
Кои мотиви најчесто ги содржат Вашите мозаици?
Корубин: Мотивите секогаш се љубовта и радоста кон животот. Со сите треперења и импулси од секојдневието, енергијата и фасцинацијата. Од природата, од сите мои патувања.
Ваш животен сопатник е уметникот Рубенс Корубин. Ви помага ли некогаш со сугестии, совети…?
Корубин: Со мозаик почнав пред 10 години, под будното око на мојот сопруг Рубенс Корубин. Во ателјето во Сарај ги изучував вештините на мозаикот, за веќе 6 години самостојно да работам во истото ателје и да изложувам свои мозаици.
Вашиот дом е гнездо на неколку генерации уметници. И синот Михаил, покрај Вас, Вашиот сопруг и дедото, продолжи по тој пат. Какво е чувството да се живее постојано опкружен со уметност? Што претставува уметноста за Вас?
Корубин: Многу убаво кажавте. Да, нашиот дом е гнездо и оаза на уметноста, еве веќе три генерации. Тоа го сметам како нешто навистина значајно бидејќи сега веќе слободно можам да кажам дека по Миле, сега и Рубенс и Михаил ја градат семејната традиција, но истовремено и македонската модерна уметност. Морам да го спомнам и синот Дамјан, кој преку неговиот портал „Дивиан артс“ ја промовира целокупната македонска уметност: од театар, мода, литература, балет итн.
(Разговараше: Невена Поповска
Фото: Александар Ивановски
Текст објавен во 136. број на неделникот „Република“, 10.04.2015)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст