| четврток, 6 декември 2018 |

Еднаквите можности меѓу мажите и жените се проблем од пошироки размери

мажи

Прашањето за еднаквите можности меѓу мажите и жените не е проблем само во Македонија, туку и во цела Европа. Потребни се решенија за да се подобри состојбата, беше истакнато на денешната трета дебата од циклусот ЕУ разговори што ги организира Секретаријатот за европски прашања (СЕП).

Според европратеничката Ана Заворска од Европската народна партија, почитувањето на достоинството на жената е основа на еднаквите можности меѓу мажите и жените.

– Се надевам дека оваа конференција ќе помогне да ги најдеме решенијата како мажите и жените да имаат еднакво човечко достоинство – рече Заворска.

На дебатата за еднаквоста меѓу мажите и жените и перспективите и предизвиците учествуваат претставници од собраниската Комисија за еднакви можности, универзитетски професори, од Министерството за труд и социјална политика, Министерството за одбрана, ЗЕЛС, граѓанскиот сектор како и од Секретаријатот за европски прашања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top