| четврток, 6 декември 2018 |

На американското ембарго Тајланд одговара со доближување кон Кина и Русија

По минатонеделната посета на рускиот премиер Дмитриј Медведев и посетатата на тајландскиот министер за одбрана Вонгсуван на Кина, до која дојде во исто време, се смета дека воениот режим на Тајланд се одлучил за драстични измени во надворешната политика на сијамското царство.

MedvedevPrayuth-fixed-482x280

Аналитичарите во овој дел на Азија сметаат дека Тајланд со доближувањето со двете супер сили фактички одговорил на мерките за економско и воено ембарго кое по воениот удар во мај минатата година, го воведоа САД, ЕУ и Австралија.

Иако лидерот на хунтата, генералот Прајут Кан­ока по посетатат на Медведев изјави дека не гледа драстични измени во надворешната политика и барање нови сојузници, во анализите на овдешните медиуми мислењата се спротивни. Се наведува, на пример, дека Медведев и Прајут договориле испорака на три најсовремени руски авиони за тајландската армија, како и прилично голем број тенкови. Од армиски извори, влијателниот весник Национал пренесе информација дека во период од 2 до 3 години тајландската армија целосно ќе го замени лесното вооружување, кое сега е американско, со руско оружје. Тајландската армија ќе биде опремена и со противавионски орудија и рачни противавионски оружја, произведени во Русија.

Во решавањето на економските проблеми на Тајланд, настанати и поради ембаргото од западните сили, Русија ќе помогне со значително зголемување на увоз на конзервирана храна и овошје од Тајланд.

Покрај тоа, двајцата премиери потпишале меѓувладина спогодба според која до крајот на годинава Русија за својата автомобилска индустрија ќе увезе најмалку 80.000 тони каучук, што е три пати повеќе од дотогаш договореното. Русија минатата недела потпиша и договор за финансирање на изградбата на тунели и дел од пругите на новата супер­брза железничка линија од Бангок кон Кина, инвестиција што ја поддржуваат кинески фондови. Покрај финансирањето на изградбата на новата супер­железница, Кина во Тајланд ќе финансира и големи проекти во инфраструкурата, како и изградба на две гоелеми термоцентрали.

Кина минатата недела предложила, а Тајланд прифатил есенва да се одржат заеднички воени вежби на морнариците на двете држави.Во последните пет децении вакви вежби оддржуваа тајландските маринци со партнерите од САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top