| четврток, 6 декември 2018 |

Дали профилот на „Твитер“ е на Пандев?

Откако по медиумите излезе веста дека Горан Пандев, капитенот на македонската фудбалска репрезентација јавно, на социјалната мрежа „Твитер“ се извини за целата бркотница која ја предизвика околу тоа за кого го дал гласот во Светската фудбалска федерација (ФИФА), сега се поставува прашањето чиј е профилот на „Твитер“ и дали тоа е навистина Горан Пандев.

Goran-Pandev-press

Твитот кој наводно го објавил Пандев е 14,18 часот. Пандев, денеска, заедно со своите соиграчи е во карантин, бидејќи вечерва во 20,45 часот на арената „Филип Втори“ се среќава со фудбалската селекција на Белгија, во рамките на квалифиакциите за претстојното Светско првенство (СП) во Бразил. Вообичаено, кога фудбалерите се во карантин на денот на натпреварот, тие се одмараат и не им се дозволени телефони за користење.

Познавачите тврдат дека Пандев нема свој профил на социјалните мрежи, ниту на „Фејсбук“, ниту на „Твитер“ и дека во овој случај станува збор за фан на Пандев.

Пред повеќе од една година Пандев за порталот goal.com потврди дека нема свој профил на социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top