Во Загреб, Хрватска, во галеријата „Етно арт“, денеска ќе биде отворена изложбата „Македонските национални носии на разгледниците 1890-1950 – македонскиот фолклор и идентитетот“.
Станува збор за колекција од 170 репрезентативни примероци на разгледници од збирката на д-р Бранислав Светозаревиќ кои датират од крајот на 19. век до средината на 20. век. Изложбата во организација на Музејот на македонската борба и хрватско-макеоднското друштво ќе ја отвори д-р Јосип Форијан. Овој настан е дел од тридневната манифестација на претставување на македонската култура и гастрономија во Загреб под насловот „Три дена сонце“. Покровители на настаните се Министерството за надворешни работи на Република Хрватска и Советот на македонското национално малцинство во Загреб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст