| четврток, 6 декември 2018 |

Сѐ уште нема обвинение за возачот кој го прегази момчето кај Католичка црква

ivan belevski zgazen

Пет месеци по сообраќајната незгода во која животот го загуби шеснаесетгодишниот средношколец Иван Белински, Јавното обвинителство сѐ уште нема поднесено обвинение против возачот Џенис Мекиќ (20). Вечер објави дека официјалните информации засега се дека истрагата е завршена и дека одбраната на возачот врши увид во доказите. За евентуалниот обвинителен акт и делата за кои ќе се товари нема ниту збор.

– Ве известуваме дека надлежното Основно јавно обвинителство Скопје ја финализираше истрагата за случената сообраќајна несреќа кај Католичката црква. Во моментов, по испратено известување од надлежен обвинител, трае увидот на одбраната во доказите во предметот по што ќе следи релевантна одлука, изјавиле од Обвинителството за Вечер.

Трагичниот настан се случи на 14 ноември минатата година кај Католичката црква, кога Мекиќ, со џип “фолксваген туарег”, сопственост на негов пријател – соселанец од Батинци, со огромна брзина удри во Белински кој минуваше на пешачки премин на булеварот “Митрополит Теодосиј Гологанов”. Скопската полиција поднесе кривична пријава со која дваесетгодишникот се товареше за тешки дела против безбедноста на учесниците во сообраќајот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top