| четврток, 6 декември 2018 |

Платини воодушевен од „Куќата на фудбалот“

Мишел Платини, првиот човек на Европската фудбалска федерација (УЕФА), денеска присуствуваше на отворањето на македонската „Куќа на фудбалот“, во чиј состав има административна зграда и четири фудбалски терени (по два со вештачка и со природна трева). Фудбалскиот комплекс треба да биде почеток на развојот на македонскиот фудбал. Освен Платини, на отворањето присуствуваа премиерот на Македонија, Никола Груевски, претставникот од ФИФА, Ева Пасквер, амбасадорот на Франција, гости од Белгија…

SAJT-11-mala

– Ова е прекрасно. Зградата, центарот… Кога ги гледам децата како играат фудбал, најсреќен сум. Пред четири години бев тука на камен-темелникот и голема сатисфактија ми е што е завршен. Браво за она што го направивте – изјави Платини.

Претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, потенцираше дека Македонија добива стратешки центар за развој на спортот.

– Благодарност до ФИФА, УЕФА и до Владата на Македонија. Досега немавме фудбалски центар и сега, конечно, го добивме. Имаме цел, да создадеме победници, нови резултати – истакна Ѓорѓиоски.

SAJT-9

Платини со Груевски и Ѓорѓиоски го обиколија кампот и на кратко се дружеа со дечињата кои тренираа за време на отворањето во тренинг-центарот.

фото: Ѓорѓи Личовски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top