На денешните материјали и снимки кои ги презентираше СДСМ во Охрид се слуша и една реченица во која шефот на кабинетот на премиерот Никола Груевски, Мартин Протоѓер и потенцира на министерката Гордана Јанкуловски дека луѓе на поранешниот охридски градоначалник Александар Петрески и членови на СДСМ делат пари, со што практично се купуваат гласови.
“Делат пари за Ацо Петрески“. Ова е реченицата која може да се слушне од креираните материјали кои ги презентираше СДСМ денеска од Охрид, а воопшто не ја потенцираше и сака да се заборави.
Ова е само еден од низата скандалозни факти поврзани со владеењето на СДСМ и работењето на градоначалникот Петрески, кои ја оставија општината во долгови од над 50 милиони евра и со тоа ја претворија во најзадолжена општина во овој дел од Европа.
СДСМ намерно сака да го занемари овој факт, но сознанието дека Петрески делел пари е сам по себе скандалозен чекор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР објави детали за тепачката во која беше повреден Александар Петрески
-
Со непризнавањето на убедливиот пораз, СДСМ ги навредува и потценува охриѓани
-
Поранешниот градоначалник на Охрид Петрески нуди кауција од 500.000 евра за да излезе на слобода!
-
Поранешниот градоначалник на Охрид трошел незаконски?