Во дел од телефонските разговори објавени од страна на СДСМ беше и разговор на шефот на кабинетот на Премиерот , Мартин Протогер и министерот Миле Јанакиски за земјиште во Охрид. Според начинот на кој во Охрид денеска се презентираше разговорот, се добива впечаток дека Протогер пројавува интерес за земја. Се слушна и разговор во кој Протогер зборува за пристапен пат до земјиштето.
Овој дел беше најавен како доказ зошто се урбанизирал просторот во блатото и како тоа Мартин Протогер со Миле Јанакиески заговара планови за ова земјиште.
Охридскиот портал Охрид 1 објави дека земјата која ја спомнува СДСМ нема никаква врска со блатото. Порталот објави скица од просторот на кој е земјиштето кое е семејно наследство во охридската фамилија Протогеровци, и не е во сопственост на Мартин Протогер туку е во косопственост на неговата мајка и други нејзини роднини.
Но СДСМ презентирајќи тонски исечоци се обиде во јавноста да креира лажна претстава дека Протоѓер барал од охридскиот Градоначалник Никола Бакрачески урбанзиација на површини од блатото.
Но, вистината е дека земјата не е на Протогер, дека е наследство и дека е далеку од заштитениот дел на блатото, лоцирана до кривината кај реката Рача, на самиот Булевар Свети Наум Охридски и е опкружена со дурги ниви. Во правец на езерото на овој дел дури постојат и куќи од тврда градба изградени во изминатите години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст