| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО ДПМНЕ: Петрески и СДСМ го оставија Охрид во долг од 50 милиони евра

Во 2011-та уште една злоупотреба на јавна набавка за хоризонтална сообраќајна сигнализација. Општината била задолжена 1 милион денари од фирма блиска на Петрески. Петрески перел пари преку негов близок и за јавна набавка тешка 1 ипол милиони евра за изградба на улица во населбата Бај Бунар , која никогаш не била направена. Примил и поткуп од 12 илјади евра

aleksandar-petreski

Александар Петрески, поранешниот градоначалник на Охрид и СДСМ го оставија Охрид во долг од 50 милиони евра. Општина Охрид со долг од точно 33.409.836 евра е, веројатно, најзадолжената општина на Балканот и пошироко во регионот. Локалната власт тешко се справува со долгови кои достигнуваат висина од неколку годишни буџети, со блокирана сметка, секојдневни извршни судски решенија и високи камати. Кога на сето тоа ќе се додадат уште и долговите на јавните претпријатија, вкупната сума надминува 50 милиони евра, реагираат од ВМРО ДПМНЕ.

Тие додаваат дека денешниот прес на СДСМ од Охрид е практично создавање на алиби со кој најголемата опозициска партија сака да се испере за сето она што им го направи на охраѓани. СДСМ денеска застана во одбрана на Петрески, кој е до гуша во криминали и кој ја задолжи општината и јавните претпријатија со над 50 милиони евра.

– ВМРО-ДПМНЕ и актуелниот охридски градоначалник Никола Бакрачески на последните локални избори победија убедливо уште во првиот круг од изборите. Разликата беше над 8 илјади гласови во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е јасен одговор на граѓаните кои го казнија катастрофалното работење на Ацо Петрески и СДСМ – велат од владејачката партија.

– Неколку факти поврзани со работењето на Петрески и СДСМ јасно покажуваат зошто тие не ја добија довербата на локалните избори, односно зошто граѓаните на Охрид ги казнија Петрески и СДСМ, кои претрпеа катастрофален пораз уште во првиот круг.

Поранешниот градоначалник Петрески ќе остане запаметен по изјавата дека советниците во советот на општината се идиоти.

-Овде нема идиоти за да читам што ми напишале, а има некои и што не знаат да прочитаат што му напишале, а овде во салава има многу идиоти, изјави Петрески, мислејќи на советниците.

-Искористувајќи ги формите и постапките во работењето во општина Охрид, градоначалникот Александар Петрески успева да го наметне сопствениот, роден брат Здравко Петрески за предлог за претседател на комисија, која треба да спроведе постапка за јавна набавка во висина од повеќе десетици милиони денари. Замислете, братот на Александар Петрески ќе спроведува јавни набавки за општина Охрид. Градоначалникот на Охрид, јавните набавки во кои има општ и јавен интерес и средства му ги доверува на родениот брат, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во моментите кога на Охрид му се закануваше катастрофа поради високиот водостој на езерото, Петрески замина за Австралија.  Кога се врати тој побара помош од бугарскиот премиер, а на прес конференцијата излезе со бумеранг. Во борба со викенд туристите, Петрески кажа дека ќе поставел три рампи, Подмоље, Косел и Пештани, па сите туристи кои ќе сакале да го посетат Охрид ќе мораат да платат по 1 евро за влез.

-Ќе поставиме рампа во Подмолје, една рампа во Косел и трета рампа во Пештани и секој кој влегува во Охрид, а не живее тука, да плаќа туристичка такса. Има многу викендаши кои доаѓаат во Охрид на еден ден, а не трошат пари, рече Петрески.

Во изјава за Супер Радио, инвеститор од Охрид, Благоја Карадакоски сопственик на фирмата „Карадак“ кажа дека Петрески за издаде дозвола за градба на комплекс стамбени објекти кај поранешната градска автобуска во строгиот центар на градот од Карадакоски побарал неколку станови. Тој додаде дека Петрески има повеќе станови од него иако тој е инвеститор на станбени објекти и тврди дека од сите инвеститори на стамбени објекти барал станови за издавање на дозволи за градба.  Исто така Карадакоски вели дека за просторот кај старата автобуска Петрески донел инвеститори – албанци со кои имал претходен договор, а на Карадакоски за да му го одземе местото за градење и да го додели на албанците, а за време на избори Петрески им се заканувал со затворање на неговата фирма.

– Јас незнам каде тој ги најде становите. Ние работиме па немаме, а тој каде наоѓа станови не знам и тоа е чудно? Од мојата фирма нема добиено стан, а има побарано – не еднаш, туку повеќе пати, изјави Карадакоски.

Во 2005 година до победа на локалните избори дојде со лажирање на изборите. За време на пребројувањето на гласовите од гласањето, имаше анонимен повик за поставена бомба во просториите на зградата на општина Охрид каде што беше сместена и Општинската изборна комисија, па членовите на ОИК беа принудени да ги напуштат местата и гласачкиот материјал со се списоците и кутиите да го остават во просториите на општина Охрид.

Со Петрески започна масовното дивеењето на урбаната мафија  во Охрид. А истовремено се присутни и сведоштвата како бизнисмени и рекетари со колци упаѓале во неговата канцеларија со цел да си ги порамната сметките од зделките кои ги правеа.

Охриѓани добија низа ветувања од Петреским но тој не ги исполни, какои на примерГрадски Пазар, Автобуска станица, Катна Гаража, Затворен зелен пазар, Жичара на Галичица… и ред други, коментираат од ВМРО ДПМНЕ.

Кривичната пријава за екс градононалалникот на Охрид и неговите соработници беше поткрепена со докази на 300 страници. Злоупотреба на јавните набавки, коруптивни афери, местење тендери. Направени и 2 илјади цесии спрема фирмите. Првоосомничениот Петрески давал наредби на вработени во општината дел од побарувањата на доверителите да не бидат книжени. За 7 години од општината до Централниот регистар, Заводот за ревизија и до финансии биле доставени 8 фалсификувани завршни сметки. Се прикажувала помала сума на долгови.

Екс охридскиот градоначалник примил и платил за презентирање на туризам 6 фактури во износ од 1 милион и 110 илјади евра и 3 фактури од 840 илјади денари за дополнителни материјали за промоција. Во 2005 и 2007-та без тендер во вредност од 20 милиони денари е направена јавна набавка за крпење на ударните дупки. Во 2008-та нов договор од 3 ипол милиони денари и еден анекс од еден милион за улични рабници што не се реализирал, а исплатени 11 милиони и 567 илјади денари.

Во 2011-та уште една злоупотреба на јавна набавка за хоризонтална сообраќајна сигнализација. Општината била задолжена 1 милион денари од фирма блиска на Петрески. Петрески перел пари преку негов близок и за јавна набавка тешка 1 ипол милиони евра за изградба на улица  во населбата Бај Бунар , која никогаш не била направена. Примил и поткуп од 12 илјади евра, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Вкупниот долг што го оставил Петрески е 50 милиони евра. Од нив 34 милиони евра е задолжена само општината, а останатиот долг е на Јавните претпријатија. Од општината информираат дека таа плаќа дневна камата од 14 илјади евра за извршени судски решенија.Досега од затекнатиот долг се вратени 4  милијони евра. Нови долгови  не биле направени. Општната работи со блокирана сметка, а функционира со дозволена рамка од судот за исплаќање плати и основни трошоци, додаваат од ВМРО ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top