Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денеска оствари средба со заменик помошникот државен секретар, надлежен за Европски и Евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент, Хојт Ји, кој престојува во работна посета на нашата држава.
Како што соопшти МНР, соговорниците разговарале за севкупните односи меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави, при што бил истакнат заемниот интерес за натамошно надградување на стратегиското партнерство и политичкиот дијалог, како и на билатералната соработка, преку нови иницијативи и проекти, во сите области од заеднички интерес.
– Централно внимание беше посветено на обидите на Република Македонија за деблокада на инеграцијата во НАТО и Европската Унија, согласно главните стратешки определби на нашата држава. Во таа насока, на американскиот соговорник му беа пренесени заложбите на Владата на Република Македонија за што поскоро изнаоѓање на заемно прифатливо решение за наметнатиот спор околу името, се вели во соопштението од МНР.
Во него се додава дека на средбата станало забор и за актуелните политички процеси во Република Македонија, при што од македонска страна бил пренесен ставот за важноста од решавањето на сите отворени внатрешни прашања во рамките на правните и политички институции на државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст