Даниела Базби од Тексас, САД, во болница во Хјустон роди пет девојчиња, што е прв ваков случај во светот од 1969 година и прв случај во САД.
Петорката Оливија Мери, Ава Лејн Хејзел Грејс Паркер Кејт и Рајли Пејџ се родени на 8 април со царски рез, во 28 недела од бременоста. Бебињата се родени за само четири минути, со асистенција на 12 лекари.
– Среќни сме и благословени. Нашите девојчиња се чудо – изјавија восхитените родители, кои веќе ја имаат тригодишната ќерка Блејк.
Петорките, зачнати со вештачко оплодување на родењето тежеле меѓу 900 и 1.100 грама. Сите се здрави и прогнозите на лекарите се добри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.