Едно лице заврши во болница по инцидентот кој денеска се случил во обложувалница на „Спорт лајф“ во центарот на Струга.
Како што потврдуваат од СВР Охрид, денеска околу 12.30 часот било пукано во едно лице, кое поради сериозноста на проблемите е префрлено во Ургентниот центар во Скопје. Повредениот е надвор од животна опасност.
Полицијата изврши увид и повеќе детали се очекуваат наскоро.
Според неофицијални извори на „Спектра“, пукотницата настанала поради недоразбирање меѓу неколкумина во кладилницата, при што еден од вработените е нападнат и со огнено оружје му е нанесена повреда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.