По стапувањето во сила на спорниот Закон за внатрешна безбедност, кој беше усвоен во Парламентот по бурните дискусии, почна голема чистка во турската полиција, пишува весникот „Хуриет“.
На седница на Високиот полициски совет под претседателство на началникот на полицијата Мехмет Џелалетин Лекесиз, која почна во понеделникот, донесена е одлука за испраќање во пензија на 1.150 од 1.725 полициски началници од прв степен.
На седницата, која ќе трае и денеска, се очекува да биде донесена одлука за пензионирање на вкупно 3.500 полициски началници.
Според извори од полицијата, пензионираните полициски началници во најголем дел биле поврзани со т.н. „паралелна структура“, термин кој го користи власта за приврзаниците на движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, кое се инфилтрирало во државните органи со цел да изготви заговор против Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре