-Нашиот став, јавно кажан, е дека треба да има правна и политичка резрешница. Со тоа ние децидно кажуваме дека нема шанси за амнестија – вели пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.
Тој додава дека за разлика од ставот на владејачката партија, ставот на СДСМ е дека може да има само политичка разрешница, што, според Николовски, од почеток ги покажува нивните намери.
-Јавно нека објават став за правна разрешница, со одлука на телата на партијата, и така ќе сме сигурни дека сакаат правда за сите што згрешиле пред законот. Вакви статуси на „Фејсбук“ само покажуваат едно ниво на морална шизифренија и какафонија, кои доминираат во СДСМ, посебно откако сè повеќе се свесни за криминалот во кој се упаднати повеќе членови на нивното раководство , па сега со вакво силење внатрепартиски сакаат да демонстрираат решителност. Ние ова го гледаме како една детска игра на едно лице за кое вистината допрва излегува на виделина – напиша Николовски на својот профил на „Фејсбук“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст