Седумдесетишест годишниот Т.Ѓ. од селото Брвеница утринаво на регионалниот пат Тетово-Волковија, бил прегазен од комбе „мерцедес спринтер“ управувано од 51-годишниот М.Р. од Блаце.
-Во несреќата, пешакот Т.Ѓ.задобил тешки телесни повреди ( скршеница на колк ) и со друго возило пренесен е во тетовската клиничка, од каде по укажаната лекарска помош, префрлен е на скопските клиники, информираат од тетовската полиција.
Полицијата извршила увид на местото на несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.