Создавање работни места за поттикнување еднаквост и просперитет е тема на дводневната регионална конференција за вработување што почнува денеска во Скопје.
Најавено е учество на стотина креатори на политикa и на стручњаци од Југоисточна Европа и од Турција. Ќе разговараат за тоа како да се реши кризата со невработеност во регионот и да се стимулира економски пораст, кој ќе создава повеќе и поквалитетни работни места.
Конференцијата е организирана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Меѓународната организација на трудот (МОТ).
На конференцијата ќе бидат претставени успешни примери на политика и програми за промовирање на претприемаштвото како едно од решенијата за високата стапка на невработеност кај младите, приспособување на програмите за развој на вештините со побарувачката на пазарот на трудот, поттикнување на одржливи и „зелени“ компании, како и политика што има цел да го отвори пазарот за најтешковработливите групи граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст