| четврток, 6 декември 2018 |

Прим. д-р Ани­ца Але­ксов­ска: Нај­те­шко се ва­ди ту­ѓо те­ло од диш­ни­те па­ти­шта

Че­сто сме има­ле вди­ше­ни шпе­над­ли, иг­ли, шра­фо­ви, чеп­кал­ки за за­би, де­ло­ви од пен­ка­ло, сто­ма­то­ло­шки иг­ли, заб­ни про­те­зи и дру­ги сит­ни пред­ме­ти. На­јо­пас­ни се ту­ѓи­те те­ла од ве­ге­та­бил­на при­ро­да - грав, орев, леш­ник, ки­ки­ри­тки, сон­чог­лед, ве­ли при­ма­ри­ус д-р Ани­ца Але­ксов­ска, спе­ци­ја­лист ане­сте­зи­о­лог

Не­о­дам­на, на Уни­вер­зи­тет­ска­та кли­ни­ка за уво, нос и гр­ло во Скоп­је бе­ше до­не­се­но 19-ме­сеч­но де­те што голт­на­ло би­сер. Де­вој­че­то би­ло до­не­се­но во мно­гу те­шка со­стој­ба. Ди­ше­ло со по­мош на апа­ра­ти. За сре­ќа, сѐ до­бро се за­вр­ши­ло, дет­ски­от жи­вот бил спа­сен. Во ти­мот што ја вр­ше­ше опе­ра­ци­ја­та би­ла и при­ма­ри­ус д-р Ани­ца Але­ксов­ска, спе­ци­ја­лист ане­сте­зи­о­лог-ре­а­ни­ма­то­лог на Кли­ни­ка­та за уво, нос и гр­ло. Со неа раз­го­ва­рав­ме за те­кот на опе­ра­ци­ја­та, но и за искус­тва­та во неј­зи­на­та пра­кти­ка за тоа што зна­ат да голт­нат од нев­ни­ма­ние и де­ца­та и во­зрас­ни­те. 

Де­вој­че­то бе­ше до­не­се­но во мно­гу те­шка со­стој­ба. За сре­ќа, ти­мот што ин­тер­ве­ни­ра­ше, а во кој бе­вте дел и Вие, го спа­си­вте. Ка­ква е уло­га­та на ане­сте­зи­о­ло­гот во тие кри­тич­ни мо­мен­ти?

АЛЕКСОВСКА: На кли­ни­ка­та за уво, нос и гр­ло пред из­вес­но вре­ме бе­ше до­не­се­но де­вој­че на 19-ме­сеч­на во­зраст, кое од нев­ни­ма­ние, играј­ќи си со сво­ја­та по­ста­ра се­стрич­ка вди­ша­ло би­сер. Де­вој­че­то бе­ше до­не­се­но од Спе­ци­јал­на­та бол­ни­ца за бе­ло­дроб­ни за­бо­лу­ва­ња кај де­ца­та – Коз­ле во при­друж­ба од до­ктор спе­ци­ја­лист ото­ри­но­ла­рин­го­лог, во мно­гу те­шка здрав­стве­на со­стој­ба, би­деј­ќи би­се­рот бе­ше во диш­ни­те па­ти­шта и бе­ше оне­воз­мо­же­на ед­на од фи­зи­о­ло­шки­те функ­ции во ор­га­низ­мот – ди­ше­ње­то. Де­ца­та се чув­стви­тел­на ка­те­го­ри­ја, има­ат ма­ли диш­ни ре­зер­ви и бр­зо го чув­ству­ва­ат не­до­сти­гот од кис­ло­род и за­па­ѓа­ат во т.н. рес­пи­ра­то­рен ди­стрес. Овие ин­тер­вен­ции се жи­во­то­за­гро­зу­вач­ки и во пра­ша­ње се ми­ну­ти за спа­су­ва­ње на дет­ски­от жи­вот. Де­вој­че­то, кое бе­ше до­не­се­но на кли­ни­ка бе­ше мо­дро, мли­та­во, со по­ма­те­на свест. Вед­наш се при­ста­пи кон ва­де­ње на ту­ѓо­то те­ло со ме­тод – брон­хо­ско­пи­ја, со по­мош на брон­хо­скоп (тоа е долг ме­та­лен ин­стру­мент што се ста­ва во диш­ни­те па­ти­шта и пре­ку кој се ва­ди ту­ѓо­то те­ло). За ане­сте­зи­о­ло­гот брон­хо­ско­пи­ја­та е нај­од­го­вор­на и најс­ло­же­на ане­сте­зи­о­ло­шка про­це­ду­ра. Тој тре­ба да ги одр­жу­ва ви­тал­ни­те функ­ции кај де­те­то (ди­ше­ње­то и ра­бо­та­та на ср­це­то), а во овој слу­чај диш­ни­от пат е во ра­це­те на ото­ри­но­ла­рин­го­ло­гот-ен­до­ско­пист, па ане­сте­зи­о­ло­гот не­ма ди­рект­на кон­тро­ла на ди­ше­ње­то. За­тоа ане­сте­зи­о­ло­гот и ен­до­ско­пи­стот мо­ра да се во тес­на со­ра­бо­тка би­деј­ќи за­ед­нич­ки го де­лат диш­ни­от пат. Ане­сте­зи­о­ло­шка­та по­стап­ка при ва­кви­те ин­тер­вен­ции се со­стои во бр­за окси­ге­на­ци­ја со чист кис­ло­род, ко­ја се пра­ви ин­ди­рект­но, пре­ку отво­ри­те на брон­хо­ско­пот. Ако не­ма со­од­вет­но снаб­ду­ва­ње со кис­ло­род, ка­ко што бе­ше во на­ши­от слу­чај, поч­ну­ва да се за­ба­ву­ва ра­бо­та­та на ср­це­то што мо­же да до­ве­де до не­гов за­стој – смрт. Ние имав­ме го­ле­ма сре­ќа што де­вој­че­то дој­де со обез­бе­де­на вен­ска ли­ни­ја (ко­ја за ане­сте­зи­о­ло­гот зна­чи жи­вот), пре­ку ко­ја ги да­вав­ме ле­ко­ви­те што ни беа по­треб­ни во тие кри­тич­ни мо­мен­ти. Д-р Го­ран Ми­цев­ски е еден од нај­до­бри­те ен­до­ско­пи­сти на на­ша­та кли­ни­ка, кој за кра­тко вре­ме го из­ва­ди ту­ѓо­то те­ло – де­те­то ги вос­по­ста­ви сво­и­те ви­тал­ни функ­ции и ра­до­ста бе­ше на на­ше за­до­волс­тво.

dr Ankica Aleksovska 2 (Custom)

Ту­ѓи­те те­ла се се­којд­не­вие. Тие не са­мо што се срет­ну­ва­ат во диш­ни­те па­ти­шта, де­ца­та мо­жат од нев­ни­ма­ние да ги ста­ват во нос, уво или, пак, да ги про­гол­та­ат и да се нај­дат во хра­но­про­во­дот, вели д-р Алексовска

Ка­кви се Ва­ши­те искус­тва во пра­кти­ка­та до­се­га? Што сѐ зна­ат да голт­нат од нев­ни­ма­ние де­ца­та, но и во­зрас­ни­те?

АЛЕКСОВСКА: Од мо­е­то дол­го­го­диш­но ра­бот­но искус­тво на кли­ни­ка­та за уво, нос и гр­ло мо­жам да ка­жам де­ка ту­ѓи­те те­ла се се­којд­не­вие. Тие не са­мо што се срет­ну­ва­ат во диш­ни­те па­ти­шта, де­ца­та мо­жат од нев­ни­ма­ние да ги ста­ват во нос, уво или, пак, да ги про­гол­та­ат и да се нај­дат во хра­но­про­во­дот. Ту­ѓи­те те­ла мо­жат од нев­ни­ма­ние да ги вди­шат и по­во­зрас­ни­те. Че­сто сме има­ле вди­ше­ни шпе­над­ли, иг­ли, шра­фо­ви, чеп­кал­ки за за­би (кои се др­жат во уста), де­ло­ви од пен­ка­ло, сто­ма­то­ло­шки иг­ли, заб­ни про­те­зи и дру­ги сит­ни пред­ме­ти. На­јо­пас­ни се ту­ѓи­те те­ла од ве­ге­та­бил­на при­ро­да (грав, орев, леш­ник, ки­ки­ри­тки, сон­чог­лед) кои ко­га нав­ле­гу­ва­ат во диш­ни­те па­ти­шта на­ба­бру­ва­ат и комп­лет­но ги за­тво­ра­ат диш­ни­те па­ти­шта – што мо­же да до­ве­де до не­са­кан ре­зул­тат, па ду­ри и смрт.

Ко­ја опе­ра­ци­ја до­се­га би­ла нај­те­шка во ко­ја сте учес­тву­ва­ле Вие ка­ко ане­сте­зи­о­лог?

АЛЕКСОВСКА: Па­то­ло­ги­ја­та на на­ша­та кли­ни­ка е раз­но­вид­на и спе­ци­фич­на. Хи­рур­ги­ја­та е све­де­на на хи­рур­ги­ја на гла­ва­та и на вра­тот. Спе­ци­фич­но­ста и те­жи­на­та на ане­сте­зи­о­ло­гот е во тоа што опе­ра­тив­ни­те ин­тер­вен­ции се во об­ла­ста на не­го­во­то дејс­тву­ва­ње – диш­ни­от пат за кој е од­го­во­рен ане­сте­зи­о­ло­гот би­деј­ќи тој ги одр­жу­ва ди­ше­ње­то и дру­ги­те ви­тал­ни функ­ции. За ус­пеш­ност на опе­ра­тив­на­та ин­тер­вен­ци­ја мо­ра да има со­ра­бо­тка ме­ѓу ане­сте­зи­о­ло­гот и хи­рур­гот и нив­на за­ем­на до­вер­ба. Тоа е ви­стин­ски­от пат до ус­пе­хот. Ина­ку си­те опе­ра­тив­ни ин­тер­вен­ции има­ат сво­ја те­жи­на. Ме­ѓу нај­те­шки­те и најс­пе­ци­фич­ни­те мо­жам да ги изд­во­јам ин­тер­вен­ци­и­те за ва­де­ње ту­ѓо те­ло во диш­ни­те па­ти­шта, ка­ко и обил­ни­те по­сто­пе­ра­тив­ни кр­ва­ве­ња.

Што е нај­важ­но во тие кри­тич­ни мо­мен­ти?

АЛЕКСОВСКА: Во кри­тич­ни­те мо­мен­ти во хи­рур­ги­ја­та е нај­бит­но да ги по­чи­ту­ваш ос­нов­ни­те прин­ци­пи и пра­ви­ла во ме­ди­ци­на­та, да имаш стра­те­ги­ја за по­стап­ки­те што тре­ба да ги пре­зе­меш, ка­ко и ма­кси­мал­на кон­цен­тра­ци­ја за ра­бо­та­та во со­ра­бо­тка со це­ла­та еки­па што учес­тву­ва во ин­тер­вен­ци­ја­та. И на крај, ане­сте­зи­о­ло­гот тре­ба си­те по­стап­ки да ги те­ме­ли на сво­и­те поз­на­ва­ња од об­ла­ста на фи­зи­о­ло­шки­те ме­ха­низ­ми.

dr Ankica Aleksovska (Custom)

Де­нес ане­сте­зи­о­ло­зи­те до­бро ја поз­на­ва­ат фи­зи­о­ло­ги­ја­та и па­то­фи­зи­о­ло­ги­ја­та на чо­веч­ки­от ор­га­ни­зам

Ане­сте­зи­о­ло­гот е, мо­же­би, нај­важ­на­та ал­ка во ти­мот ко­га е во тек ед­на опе­ра­ци­ја. Да им об­јас­ни­ме на чи­та­те­ли­те што точ­но е ра­бо­та­та на ане­сте­зи­о­ло­гот.

АЛЕКСОВСКА: На­у­ка­та што се за­ни­ма­ва со проб­ле­ми­те на обез­бо­лу­ва­ње во те­кот на опе­ра­тив­на­та ин­тер­вен­ци­ја, ка­ко и со­стој­ба­та на бол­ни­те во пре­о­пе­ра­тив­ни­от и во по­сто­пе­ра­тив­ни­от пер­и­од се на­ре­ку­ва ане­сте­зи­о­ло­ги­ја. Ане­сте­зи­о­ло­гот е ле­кар, спе­ци­ја­лист по ане­сте­зи­о­ло­ги­ја, ре­а­ни­ма­то­ло­ги­ја и по ин­тен­зив­но ле­ку­ва­ње. Освен за да­ва­ње без­бед­на ане­сте­зи­ја во тек на опе­ра­ци­ја тој е шко­лу­ван за ит­но згри­жу­ва­ње и ле­ку­ва­ње на нај­те­шки­те па­ци­ен­ти во еди­ни­ци­те за ин­тен­зив­но ле­ку­ва­ње (шок-со­ба). Во те­кот на 20 век со до­а­ѓа­ње на но­ви­те соз­на­ни­ја за функ­ци­о­ни­ра­ње на чо­ве­ко­во­то те­ло, со раз­во­јот на мо­дер­ни­те ане­сте­ти­ци со ја­сен ме­ха­ни­зам на дејс­тво, со мо­дер­ни­зи­ра­ње на апа­ра­ти­те за ане­сте­зи­ја и за сле­де­ње на ви­тал­ни­те па­ра­ме­три кај па­ци­ен­тот, ане­сте­зи­ја­та ста­на мно­гу си­гур­на за па­ци­ен­ти­те. Де­нес ане­сте­зи­о­ло­зи­те до­бро ја поз­на­ва­ат фи­зи­о­ло­ги­ја­та и па­то­фи­зи­о­ло­ги­ја­та на чо­веч­ки­от ор­га­ни­зам, до­бро ги поз­на­ва­ат ане­сте­зи­о­ло­шки­те апа­ра­ти пре­ку кои се сле­дат кон­цен­тра­ци­и­те на га­со­ви­те што ги вди­шу­ва и из­ди­шу­ва па­ци­ен­тот, се сле­ди еле­ктрич­на­та актив­ност на ср­це­то пре­ку ЕКГ; за­си­те­но­ста на пер­и­фер­на­та крв со кис­ло­род (пул­со­кси­ме­три­ја), се ме­ри крв­ни­от при­ти­сок и дру­ги­те па­ра­ме­три за функ­ци­о­ни­ра­ње на ор­га­низ­мот. Освен поз­на­ва­ње од об­ла­ста на ме­ди­ци­на­та, ане­сте­зи­о­ло­гот мо­ра со­вр­ше­но да ја поз­на­ва и ко­ри­сти нај­мо­дер­на­та тех­но­ло­ги­ја. Мно­гу ла­и­ци сѐ уште има­ат пер­цеп­ци­ја де­ка ане­сте­зи­о­ло­гот е са­мо ма­ски­ран чо­век, кој им ја ста­ва ма­ска­та на ли­це, а тие об­зе­ме­ни од тој ужас има­ат чув­ство де­ка се за­ду­шу­ва­ат и то­нат во сон. Ане­сте­зи­ја­та и опе­ра­ци­ја­та кај мно­гу па­ци­ен­ти прет­ста­ву­ва го­лем емо­ти­вен стрес (од евен­ту­ал­ни ма­лиг­ни за­бо­лу­ва­ња, фи­зич­ка на­каз­ност, страв да­ли ќе се раз­бу­ди во тек на опе­ра­ци­ја­та, да­ли ќе чув­ству­ва бол­ка), но до­бри­от из­бор на ле­ко­ви што се да­ва­ат за сми­ру­ва­ње на бол­ни­от (пре­ме­ди­ка­ци­ја) и до­бар раз­го­вор  ме­ѓу ане­сте­зи­о­ло­гот и па­ци­ен­тот соз­да­ва до­бар пат за до­бра и не­комп­ли­ку­ва­на ане­сте­зи­ја, ка­ко и до­бар по­сто­пе­ра­ти­вен тек. Ане­сте­зи­о­ло­гот тре­ба да го за­поз­нае па­ци­ен­тот со се­то тоа што ќе се слу­чу­ва во са­ла­та за опе­ра­ции и да овоз­мо­жи да се над­ми­не стра­вот од не­поз­на­то­то и да се соз­да­де ме­ѓу­себ­на до­вер­ба и со­ра­бо­тка ме­ѓу нив. И на крај, штом хи­рур­гот ќе ја по­ста­ви ин­ди­ка­ци­ја­та за опе­ра­тив­на или не­ко­ја дру­га ин­тер­вен­ци­ја, ане­сте­зи­о­ло­гот ги пра­ви пре­до­пе­ра­тив­ни­те под­го­то­вки и до­не­су­ва ко­неч­на од­лу­ка за из­бо­рот на ане­сте­зи­ја­та. Ако по­стои мож­ност за при­ме­на на по­ве­ќе ви­до­ви ане­сте­зи­ја му се да­ва мож­ност на бол­ни­от да учес­тву­ва во неј­зи­ни­от из­бор. Це­ло вре­ме до­де­ка трае опе­ра­тив­на­та ин­тер­вен­ци­ја, без ог­лед на тоа за ко­ја ане­сте­зи­ја се ра­бо­ти, ане­сте­зи­о­ло­гот е тој што кај па­ци­ен­тот ги кон­тро­ли­ра си­те ви­тал­ни функ­ции, ги одр­жу­ва во оп­ти­мал­на со­стој­ба во те­кот на це­ла­та опе­ра­тив­на ин­тер­вен­ци­ја со при­ме­на на ане­сте­тич­ки ле­ко­ви и дру­ги ме­то­ди. Но, и по­крај при­ме­на на нај­со­вре­ме­ни ле­ко­ви и ме­то­ди, по­не­ко­гаш не мо­жат да се ели­ми­ни­ра­ат не­кои не­са­ка­ни ефе­кти на по­сто­пе­ра­тив­на бол­ка, мач­ни­на и по­вра­ќа­ње. Ане­сте­зи­о­ло­гот е тој што ќе се гри­жи за по­сто­пе­ра­тив­на­та не­га на па­ци­ен­тот сѐ до не­го­во на­пу­шта­ње на бол­нич­ка­та уста­но­ва. Га­ран­ци­ја за ус­пеш­но ре­ша­ва­ње на ур­гент­ни жи­во­то­за­гро­зу­вач­ки со­стој­ба и по­мал­ку или по­ве­ќе комп­ли­ку­ва­ни хи­рур­шки и дру­ги ин­тер­вен­ции за­ви­си од ор­га­ни­зи­ра­но­ста и од функ­ци­о­нал­но­ста на це­ли­от тим и од не­го­ва­та тим­ска ра­бо­та.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top