Манекенки и старлети од Србија, под маска дека се модели, одат во Обединетите Арапски Емирати каде што за пари имаат оргии со богати шеици и им ги исполнуваат најбизарните сексуални желби, пишува српски „Курир“.
Според весникот, на списокот старлети што даваат такви услуги е и Станија, која се нуди под псевдонимите Ава или Хелена, а во описот на перформансите „Хот ескорт Дубаи“ наведува дека таа е отворена за сите видови перверзии. Цена 500 долари.
Весникот нагласува дека промовирајќи луксуз, дизајнирана облека, гламур, но најмногу своето тело, старлетите богато заработуваат. Главна „професија“ на овие девојки им е проституцијата со шеици, на кои им се слабост девојки од Балканот.
– Девојките најчесто работат по препорака. Не можете туку-така да се појавите во Дубаи и да кажете дека сакате да бидете со шеик за пари, туку постојат луѓе што треба да ве запознаат со богаташите. Потенцијалните проститутки е лесно да ги препознаете. Се собираат по белградските сплавови, имаат силикони и се нападно нашминкани – открива изворот кој е добро упатен во овој бизнис.
Иако поголем број од овие старлети тврдат дека во Дубаи одат за да се занимаваат со манекенство, вистината е дека овој град воопшто не поседува модна сцена. Имено, моден центар во ОАР е главниот град Абу Даби, но и таму модните недели се одржуваат само двапати годишно.
– Обрнете внимание, сите тие на фотографиите позираат исклучиво сами. Нема да видите никој со нив. Посебно е сомнително што кога патуваат на толку далечна дестинација, таму остануваат само три до четири дена. Како им се исплаќа и зошто некој би пропатувал толкав пат – освен ако не одат „по работа“ – заклучуваат упатените.
Српски „Курир“ пишува дека Дубаи не е единствената дестинација каде што се продаваат девојките, се популарни се Сардинија, Тајланд и хрватското крајбрежје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст