Лекарка од Србија на странци им продавала деца со проблеми во развојот за натамошно усвојување, открива српскиот весник „Блиц“.
Во периодот од 2006 до 2011 година д-р Јасмина Јанковиќ посредувала во 30 усвојувања, за весникот изјавија од Министерството за труд и социјална политика.
Обвинителството може да почне со истрага и да утврди во колку од овие 30 случаи лекарката барала големи суми долари од странците.
Американската државјанка Кејси Калварези во весникот директно ја обвини д-р Јанковиќ, во тоа време експерт во Центарот за деца со проблеми во развојот, дека од неа побарала и добила 8.000 долари и многу подароци за да посредува во присвојувањето на малата Софија, која има аутизам, иако процесот на усвојување во Србија во практика е бесплатен. Покрај сѐ што тогаш им се случувало на странците, докторката се обидела Американците да ги измами и со неповолниот курс на еврото.
Весникот утврдува и други случаи на странци кои ѝ плаќале на лекарката за да можат да посвојат дете.
Репортерите на „Блиц“ направиле обид да се поврзат со Јасмина Јанковиќ за и таа да ја каже својата верзија на приказната. Кога слушнала дека ја бараат новинари од „Блиц“, таа им го спуштила телефонот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.