| четврток, 6 декември 2018 |

Дуковски ќе го отвори фестивалот „Лица без маски“ пред почетоткот на „Буре барут“

Драмските текстови на еден од нашите најплодни автори, познато е дека се поставувани ширум светот, а реткост е истите да бидат видени и од македонската публика

bure barut bg

На 18 април, во 20 часот на сцената на Театар Комедија, авторот Дејан Дуковски ќе го отвори осмото издание на Интернационалниот театарски фестивал „Лица без маски“, пред почетокот на изведбата на неговата култна „Буре барут“, на бугарскиот театар „Николај Бинев“ и „Креди арт“ продукција, во режија на Ана Батева.

Драмските текстови на еден од нашите најплодни автори се поставувани ширум светот, а реткост е истите да бидат видени и од македонската публика.

Во име на театарските умтеници и публиката на „Лица без маски“, Дуковски со задоволство ја прифати поканата на организаторите да го отвори фестивалот.

Тричленото жири за оваа година е во состав: Таци Илиева-Велјиќ-актерка, режисерот Бојан Трифуновски и новинарката и театарски проследувач Сребра Ѓорѓијевска.

На 18 април, по свеченото отворање, во 22 часот во тоалетите на Театар Комедија, ќе биде изведена и претставата „Морам да ти кажам нешто“ на Џузепе Бонифати од Италија.

Следната фестивалска вечер, на 19 април е резервирана за македонската независна продукција. Во 20 часот на Малата сцена на МОБ ќе биде изведена претставата „Семејни приказни“ во режија на Ангелчо Илиевски, а во 22 часот истиот ден на „Мала сцена“ на Универзална сала ќе гостува претставата „К“, во режија на Хана Миленковска.На 20 април, од 20 часот, на Малата сцена на МОБ ќе биде изведена претставата „Копилиња во умот“ на победниците на „Лица без маски“ од пред две години театарот „Софија Амендолеа“, а последниот фестивалски ден, 21 април, од 20 часот, е посветен за „Машината Јан Бибијан“ на режисерот Петар Пашов и театарот „Атељр 313“ од Софија, Бугарија.

Билети за сите претстави може да се најдат на касата на Конгресен центар „Александар Македонски“ (Универзална сала-Скопје), секој работен ден од 8 до 20 часот. Цената на билет за секоја претстава поединечно чини 150 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top