| четврток, 6 декември 2018 |

Во Скопје вчера 11 сообраќајки, пајакот отстранил 63 возила

фото: Архива

фото: Архива

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција е извршен увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди.

Од нив, четири се со последица материјална штета и шест се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, тројца сопатници, еден пешак и еден возач на мотоцикл.

Се случила и една железничка незгода со последица тешки телесни повреди во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција се откриени и санкционирани 22 возачи што не го почитувале ограничувањето на брзната на движење, 16 возачи што не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, осум возачи што не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, како и седум пешаци што  поминале надвор од обележан пешачки премин.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција се отстранети 63 возила што го спречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при единицата за безбедност во патниот сообраќај ќе одржи сообраќајна поука со почеток во 19 часот во просториите на полициската станица од општа надлежност „Гази Баба“ на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот што сториле прекршоци во својство на возачи кои не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, непрописно се престроиле пред крстосница, како и возачи што не го почитувале ограничувањето на брзината на движење.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во ОУ „25 Мај“ кое се наоѓа на територијата на општина Гази Баба со учениците од второ и четврто одделение.

За денеска има закажано вонреден настан со почеток во 14 часот и 30 минути пред Министерството за култура, во организација на Синдикатот на културата Со цел овозможување безбеден и уреден сообраќај од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени мерки за сообраќајно обезбедување, физичко регулирање на сообраќајот, а по потреба и пренасочување на истиот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top