Европскиот Парламент денеска усвои Резолусија со која ја повика Турција да ја искористи стогодишнината од османлиските злосторства и да го признае ерменскиот геноцид, со што ќе придонесе за помирување меѓу двата народи.
Според предлагачите на Резолуцијата, нејзина цел е да придонесе за намалување на тензиите што настанаа во врска со случувањата од пред еден век кои резултираа со смрт и иселување на повеќе од 1,5 милиони Ерменци од нивните домови на територијата на Отоманската Империја.
– Европскиот парламент ќе ги смета како чекор во вистинската насока сите постапки на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и на другите високи претставници со кои ќе бидат признати злосотрствата извршени врз отоманските Ерменци, се наведува во документот.
Аналиитчарите проценуваат дека со ваквата Резолуција на Европарламентот, прашањето за признавањето на „ерменкиот геноцид“ може да прерасне во уште еден „камен на сопнување“ во преговорите меѓу Брисел и Анкара за членство на Турција во ЕУ, покрај забелешките на Унијата околу почитувањето на човековите права.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст