По последниот развој на настаните во македонската кошарка со исклучување на најтрофејниот клуб КК Работнички од суперлигата поради одлуката на управата да не го одигра натпреварот со Карпош Соколи, управата на клубот излезе со свое соопштение во кое јасно става до знаење дека секој кој го крши законот мора да биде свесен и за последниците. Воедно КК Работнички ги повикува сите љубители на спортот и подржувачи на најтрофејниот кошаркарски колектив да застанат отворено во подршка на клубот во борбата за правдата и еднаквост во спортот.
Во продолжение соопштението ви го пренесуваме во целост.
Почитувани,
По последниот развој на настаните КК Работнички ќе ги превземе сите неопходни мерки да ја докаже правичноста на својата одлука да не го одигра натпреварот против КК Карпош Соколи.
Имено како што веќе е наведено во жалбата која ја доставивме до Арбитражната комисија при МКФ, КК Карпош Соколи не ја заврши пререгистрацијата во акционерско друштво до почетокот на Супер лигата и со тоа го губи правото да учествува во истата.
КК Работнички покрај Арбитражата ќе покрене обвиненија против сите оние кои учествувале и продолжуваат да учествуваат во прекршување на Законот за спорт и кои му дозволиле на КК Карпош Соколи незаконски да биде дел од Супер лигата.
Според член 49.3 од Пропозициите за натпреварување, натпреварот, односно колото не може да биде регистрирано се додека не се исцрпат сите правни инстанци, а со тоа не може да се отпочне со второто коло од Супер лигата бидејќи во тој случај екипите кои ја сочинуваат истата немаат ист третман.
Уште еднаш, ги повикуваме надлежните лица да не потпаѓаат под влијание на едно или две лица кои ја третираат Македонската кошаркарска лига како нивна приватна сопственост.
Секој оној кој го крши Законот или свесно сака да и наштети на Македонската кошарка и спорт, треба да биде свесен за последиците.
Ги повикуваме сите љубители на спортот и поддржувачи на најтрофејниот кошаркарски клуб во Македонија да застанат отворено во поддршка на КК Работнички во борбата за правдата и еднаквост во спортот.
Со почит,
КК Работнички
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Влада на РМ: Груевски ќе ја отслужи казната во Република Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Владата во изминатава година и половина не покажа ништо друго освен криминал
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски го повикува на референдум народот што го нарекуваше стока
-
МВР: Дел од демонстрантите употребија распрскувачки средства и насилно ја турнаа заштитната ограда