Повеќе од 12 милиони деца на Блискиот Исток не одат на училиште, соопшти денеска Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ).
Оваа бројка не ги вклучува децата, кои се принудени да го напуштат училиштето поради конфликтите во Сирија и Ирак. Со нив бројката би изнесувала 15 милиони, прецизира УНИЦЕФ во извештајот презентиран во Бејрут, пренесува Фена.
Околу 4,3 милиони деца не одат во основно училиште, а 2,9 милиони деца не посетуваат средно училиште. Освен тоа, 5,1 милион деца не одат во предучилишни установи, се вели во извештајот.
Оваа бројка претставува 15 отсто од децата на Блискиост Исток во училишната и предучилишната возраст.
Студијата изработена во девет земји во регионот открива серија причини поради кои децата не одат во училиште, меѓу кои е и сиромаштијата. Во повеќе случаи семејствата не можат да плаќаат за трошоците за школувањето, особено за уџебници и униформи. Некои од нив одлучиле да ги вработат своите деца поради тешката финансиска состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.