| четврток, 6 декември 2018 |

Ефто Пу­пи­нов­ски: „Ту­ѓа си бе­скрај­но“ е сво­е­вид­но чу­до

На пра­ша­ње­то во ко­го ја гле­да ви­на­та што во две го­ди­ни има бу­квал­но де­сет па­ти по­ве­ќе  кон­цер­ти на бал­кан­ски из­ве­ду­ва­чи откол­ку на ма­ке­дон­ски, се­ед­но да­ли од за­бав­на­та или од фолк-сце­на­та, од­го­ва­ра де­ка за тоа мо­же да се збо­ру­ва на дол­го и на ши­ро­ко би­деј­ќи е мно­гу комп­лекс­но, сло­же­но и се­оп­фат­но пра­ша­ње. Спо­ред Пу­пи­нов­ски, ако не му се приј­де да се ре­ша­ва со­од­вет­но и се­ри­оз­но, со се­кој из­ми­нат ден по­ле­ка но си­гур­но го гу­би­ме иден­ти­те­тот.

Де­но­ви­ве во сту­ди­о­то „По­дру­мот“ се на­пра­ве­ни за­врш­ни­те под­го­то­вки од но­ви­от ал­бум „Пес­но мо­ја до­бра“ на до­а­је­нот на ма­ке­дон­ска­та на­род­на пес­на Ефто Пу­пи­нов­ски, за кој ве­ли де­ка е плод на три­го­диш­на тво­реч­ка ра­бо­та и на нај­до­бро­то од тоа што го иском­по­ни­рал во тој пер­и­од. За тек­сто­ви­те и аранж­ма­ни­те на но­ви­те пет­на­е­сет автор­ски пес­ни од­брал до­бра еки­па на мај­сто­ри на сво­јот за­на­ет, кои без сом­не­ние од­лич­но си ја за­вр­ши­ле сво­ја­та ра­бо­та. Тек­сто­ви­те се де­ло на Ми­рос­лав Куз­ман и на Ог­нен Не­дел­ков­ски, а аранж­ма­ни­те се на Са­шо Ли­врин­ски, То­мис­лав Та­нев­ски, То­дор Трај­че­ски и на Ан­ѓел Ќо­сев.

Ко­га ста­ну­ва збор за из­да­ва­ње му­зич­ки ал­бум, Пу­пи­нов­ски ве­ли де­ка вре­ми­ња­та се иск­лу­чи­тел­но те­шки и сло­же­ни, но во се­то тоа си­ви­ло оста­ну­ва чо­ве­кот со си­те жел­би и по­тре­би за до­бра пес­на.

  Оста­ну­ва кај умет­ни­кот жел­ба­та и по­тре­ба­та да им по­да­ри на слу­ша­те­ли­те уба­ва пес­на за ре­ла­кса­ци­ја, от­пу­шта­ње и ужи­ва­ње и да им ги на­пра­ви по­под­нос­ли­ви овие бур­ни вре­ми­ња. Ете, од ме­не ду­ри 15 но­ви пес­ни. Ако раз­мис­лу­вав да­ли вре­ди да се из­да­ва ал­бум или не, не знам. Ме­не единс­тве­ни­от мо­тив ми е за­до­волс­тво­то да на­пра­вам до­бра пес­на. Овие 15 пес­ни се по­ста­ве­ни на „Јут­јуб“, ка­де што мо­же да се чу­јат – ве­ли Пу­пи­нов­ски.

Efto Pupinovski 05

Со го­лем кон­церт во Уни­вер­зал­на­та са­ла ми­на­та­та го­ди­на, Пу­пи­нов­ски ги од­бе­ле­жа че­ти­ри­те де­це­нии на сце­на­та и плод­на­та ка­ри­е­ра. Тој е еден од ре­тки­те на­ши фолк-пе­ја­чи што мо­жат да се по­фа­лат де­ка го на­пра­ви­ле тоа во пос­лед­ни­те го­ди­ни. Ве­ли де­ка тоа бил кон­церт полн со емо­ции и за­до­волс­тво кај при­сут­ни­те, кои на но­зе и со пе­е­ње, игра­ње и со скан­ди­ра­ње го прос­ле­ди­ле и до­жи­ве­а­ле, а тоа што му вле­ва на­деж за оп­ста­нок и раз­вој на на­ша­та ма­ке­дон­ска пес­на, е фа­ктот што по­го­ле­ми­от дел од при­сут­ни­те би­ле од пом­ла­да­та по­пу­ла­ци­ја. 

– Ако е пре­диз­вик са­ла­та „Бо­рис Трај­ков­ски“, то­гаш да ви­ди­ме ка­ко единс­тве­ни­те ре­ле­вант­ни кри­ти­ча­ри – слу­ша­те­ли­те ќе ги при­мат пес­ни­те од но­ви­от ал­бум. Па, ако сѐ би­де во ред, на­е­сен ќе се ви­ди­ме во спорт­ска­та са­ла – ве­ли Пу­пи­нов­ски.

На пра­ша­ње­то во ко­го ја гле­да ви­на­та што во две го­ди­ни има бу­квал­но де­сет па­ти по­ве­ќе  кон­цер­ти на бал­кан­ски из­ве­ду­ва­чи откол­ку на ма­ке­дон­ски, се­ед­но да­ли од за­бав­на­та или од фолк-сце­на­та, од­го­ва­ра де­ка за тоа мо­же да се збо­ру­ва на дол­го и на ши­ро­ко би­деј­ќи е мно­гу комп­лекс­но, сло­же­но и се­оп­фат­но пра­ша­ње. Спо­ред Пу­пи­нов­ски, ако не му се приј­де да се ре­ша­ва со­од­вет­но и се­ри­оз­но, со се­кој из­ми­нат ден по­ле­ка но си­гур­но го гу­би­ме иден­ти­те­тот.

– Ка­ко пр­во, во на­ше­то оп­штес­тво два­е­се­ти­на го­ди­ни не­ма тво­реч­ка кли­ма, што е ди­рект­но по­вр­за­но со оп­штес­тве­ни­те ус­ло­ви. Тво­реч­ки­от по­тен­ци­јал по­стои, но е за­ро­бен во дла­бо­чи­на­та на ду­ша­та кај тие што тре­ба да тво­рат. Зна­чи, не­ма ква­ли­тет­ни пес­ни – ве­ли тој.

Efto Pupinovski 04

Спо­ред Пу­пи­нов­ски, го­ле­ма ви­на има и во то­тал­на­та не­ор­га­ни­зи­ра­ност во естрад­на­та фе­ла што са­мо по се­бе по­драз­би­ра де­ка не по­стои кри­тич­ки од­нос кон овој вид тво­реш­тво и кон ква­ли­те­тот.

 Сѐ е ста­ве­но во исти кош. Зна­чи, не­ма нат­пре­ва­ру­вач­ки дух и фер од­нос кон учес­ни­ци­те кои ја кре­и­ра­ат и пре­зен­ти­ра­ат на­ша­та пес­на – сме­та Пу­пи­нов­ски.

Пу­пи­нов­ски уште пред 35 го­ди­ни са­кал да на­пра­ви син­ди­кат на естрад­ни умет­ни­ци, но, ка­ко што ве­ли, лу­ѓе­то што се за­ни­ма­ва­ат со оваа деј­ност ни­ту то­гаш не ја раз­бра­ле по­тре­ба­та од син­ди­кат, ни­ту, пак, се­га ја раз­би­ра­ат.

 Твр­дам де­ка пра­ша­ње­то со син­ди­ка­тот не­ма ал­тер­на­ти­ва. Или оваа фе­ла ќе се здру­жи во здрав син­ди­кат со актив­но и еду­ци­ра­но членс­тво или си­ту­а­ци­ја­та ќе би­де сѐ по­ло­ша. Нас­про­ти, без срам и пер­де, не­мо­ра­лот, не­е­тич­но­ста, не­чо­веч­но­ста, ха­о­сот во оваа фе­ла ја до­стиг­на сво­ја­та кул­ми­на­ци­ја со ла­жи­ра­ње­то на на­гра­ди­те на фе­сти­ва­ли­те и при до­де­лу­ва­ње­то на суб­вен­ци­и­те од Ми­ни­стерс­тво­то за кул­ту­ра за под­др­шка на ма­ке­дон­ска­та пес­на. Се­то тоа ја пра­ви си­ту­а­ци­ја­та уште по­без­на­деж­на – ве­ли Пу­пи­нов­ски.

Спо­ред не­го, го­лем удел во кре­и­ра­ње­то на ра­бо­ти­те од оваа об­ласт има­ат и ме­ди­у­ми­те, пи­ша­ни и еле­ктрон­ски.

– Поч­ну­вај­ќи од Ма­ке­дон­ска­та те­ле­ви­зи­ја, ко­ја тре­ба да би­де гла­вен кре­а­тор и про­мо­тор на на­ци­о­нал­на­та пес­на, па пре­ку дру­ги­те на­ци­о­нал­ни те­ле­ви­зии кои ако не ги об­вр­зу­ва за­ко­нот да мо­ра­ат да еми­ту­ва­ат ма­ке­дон­ски пес­ни, це­лос­но би пре­ста­на­ле да го пра­ват тоа. И тоа што го пра­ват е на кла­си­чен на­чин, без дру­ги фор­ми на пре­зен­ти­ра­ње кои би би­ле по­ин­те­рес­ни и по­при­фат­ли­ви. Ни од да­ле­ку не пра­ват до­вол­но за по­пу­ла­ри­за­ци­ја на ма­ке­дон­ска­та пес­на. Пи­ша­ни­те ме­ди­у­ми пер­и­о­дич­но, од слу­чај до слу­чај, пи­шу­ва­ат за актив­но­сти­те на естра­да­та на­ме­сто кон­ти­ну­и­ра­но низ раз­ни при­о­ди и фор­ми да ги пра­тат актив­но­сти­те и слу­чу­ва­ња­та на естра­да­та – сме­та Пу­пи­нов­ски.

На крај, и спон­зо­ри­те игра­ат важ­на уло­га, а тие, спо­ред Пу­пи­нов­ски, нај­че­сто до­де­лу­ва­ат го­ле­ми су­ми па­ри за тие од стра­на, а за ма­ке­дон­ски­те ин­тер­пре­та­то­ри нај­че­сто не­ма ни­што.

 

„Ту­ѓа си бе­скрај­но“ е сво­е­вид­но чу­до

Мно­гу­ми­на на ше­га ве­лат де­ка Ма­ке­дон­ци­те не беа под­го­тве­ни за „Ту­ѓа си бе­скрај­но“ во де­ве­де­сет­ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век. Пес­на­та ста­на хит по две де­це­нии и ве­ќе не­кол­ку го­ди­ни не­ма ка­фе­а­на без неа. За тоа зо­што тол­ку доц­на со­зреа оваа пес­на, Пу­пи­нов­ски ве­ли де­ка „Ту­ѓа си бе­скрај­но“ е сво­е­вид­но чу­до.

 Прес­лу­ша­на е на „Јут­јуб“ пре­ку 3.000.000 па­ти (па­тем ка­жа­но за на­ши ма­ке­дон­ски ус­ло­ви хит е онаа пес­на што е ба­рем 500.000 па­ти прес­лу­ша­на). Пес­на­та ја из­ве­дов на фе­сти­ва­лот „Кам­бе­ра“ во Ав­стра­ли­ја во 1992 го­ди­на и то­гаш ја до­би тре­та­та на­гра­да (на­по­ме­ну­вам, без ни­ка­кви ла­жи­ра­ња) од пуб­ли­ка­та. Зна­чи таа бе­ше при­фа­те­на од слу­ша­те­ли­те и во тоа вре­ме, а се­га, мо­же­би ќе би­дам не­скро­мен, дој­де до полн израз би­деј­ќи има не­до­стиг од до­бри пес­ни – ве­ли Пу­пи­нов­ски.

Мал­ку тра­ги-ко­мич­но е тоа што пес­на­та се пее ду­ри и по свад­би, но, спо­ред не­го, и тоа си има свое ло­гич­но об­јас­ну­ва­ње би­деј­ќи при­сут­ни­те во тој мо­мент ја до­жи­ву­ва­ат ка­ко пес­на ко­ја бе­скрај­но ги рас­по­ло­жу­ва и раз­ве­се­лу­ва.
 Се­пак, по по­ве­ќе од 40 го­ди­ни на сце­на­та не е са­мо „Ту­ѓа си бе­скрај­но“ таа што се пее на глас од но­ви­те ге­не­ра­ции.

 Да, не са­мо „Ту­ѓа си бе­скрај­но“, ту­ка е и рас­кош­на­та „Лих­ни­да кај­че вес­ла­ше“, ко­ја ве­ќе има 5 ле­гал­ни и уште тол­ку не­ле­гал­ни вер­зии низ Бал­ка­нот и е бал­кан­ски хит. За неа мо­же да на­пра­ви­ме спе­ци­јал­но ин­терв­ју. По­крај неа се „Ах, ах, Ана“, „Про­сти ми ду­шо мо­ја“, „Зо­ро мо­ја Зо­ри­це“, итн,  на кои сум ком­по­зи­тор, а ка­ко ин­тер­пре­та­тор ту­ка е „Тин­ка Ка­тин­ка“, „Пес­на­та мо­же се“ итн. – ве­ли Пу­пи­нов­ски.

 

Пишува: Марина Костовска
Фото: Александар Ивановски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top