| четврток, 6 декември 2018 |

Пандов: Социјалдемократите сакаат Заев и Шекеринска да си заминат

pandov1-520x520

Очекувањата на Вашингтон се пратениците на СДСМ да се вратат во Собрание, да се тргне актуелниот лидер Зоран Заев од партијата и да дојде ново раководство. Таму да биде мегданот на кој ќе се разбираат.

Ова го истакна аналитичарот Александар Пандов во емисијата на Јанко Илковски.

ВМРО-ДПМНЕ и Владата постојано добива отворена поддршка од странски премиери, европски пратеници. Не слушнав никој аналитичар и новинар кој не застана крајно отворено позади Груевски и Владата. Таа партија како последен заложник е на Заев и со неговото заминување и со Шекеринска, пратениците ќе можат да се вратат во Собрание и да започне сериозна и реална дебата, рече Пандов.

Аналитичарот истакна дека и самите сопартијци на Заев и Шекеринска едвај чекаат овие ликови да ја напуштат партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top