Гасоводот „Турски поток“ од Турција може да продолжи преку Грција, Македонија, Србија и Унгарија до Австрија, изјави денеска рускиот министер за енергетика Александар Новак.
Според Новак, преку гасоводот „Турски поток“ се планира испорака на руски гас за потрошувачите во Турција, но проектот може да продолжи преку територијата на Балканот се до Австрија.
– Знам дека многу земји се заинтересирани за овој проект. На пример, испораката на гас до австрискиот гасен чвор „Баумгартен“ е можна преку Грција, Македонија, Србија и Унгарија, нагласи Новак, додавајќи дека Русија води интензивни преговори со државите кои би можеле да бидат транзитни територии.
Како што јави Б92, кон крајот на април или почетокот на мај се очекува Новак да ја посети Србија, при што Белград најавува дека меѓу темите на разговор на рускиот министер со неговите српски домаќини ќе биде и проширувањето на гасоводот „Турски поток“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст