| четврток, 6 декември 2018 |

Работнички исфрлен од суперлига

Rabotnicki kosharka (8) (Custom)
Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб, Работнички, исфрлен е од супелигата поради два порази со службен резултат, одлучи денеска Комисијата за натпреварување.

Работнички во изминатата сабота одби да настапи против Карпош Соколи, по што мечот беше решен со 20-0 за „соколите“, претходно Работнички на зелена маса загуби од МЗТ Скопје.

Поради фактот што веќе се одиграни повеќе од половина од натпреварите во кошаркарската елита, сите преостанати суперлигашки средби на освојувачот на купот ќе бидат регистрирани со службена победа на противниците.

Поради новонастанатата ситуација, комисијата за натпреварување го одложи колото кое требаше да се одигра во среда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top