Во потресна исповед 21-годишна девојка детално раскажала како двајцата дваесетгодишници во пролетта 2013 година, против нејзина волја, повеќе пати сексуално ја искористиле.
На двајца Личани Б.И. и Т.Ф. во Општинскиот суд во Госпиќ ќе им се суди за силување на 21-годишната девојка.Обвинителската комора на тој суд го потврдила обвинението кое против двајцата мажи за ова грозоморно казнено дело го подигнало тамошното обвинителство. Девојката која ги пријавила во полиција, била сослушана како сведок.
Таа детално раскажала како овие дваесетгодишници во пролетта 2013 година против нејзина волја, повеќе пати сексуално ја искористиле. Од медицинската документација произлегло дека поради тоа девојката претрпела тешка траума. Иако, всушност, ова се единствените докази, судот ги сметал за вистински и сосема доволни за да се потврди обвинението.
-Заводот за итна медицина во Лика, содржи податок дека на прегледот, кој следел после извршувањето на кривичното дело, на пациентката и била дијагностицирана реакција на силен стрес, образложила судијата Кармела Мишкулин Баниќ, претседателка на Општинскиот совет.
Првообвинетиот Б.И. изјавил дека девојката сето тоа го измислила за од него да извлече пари.
-Вистина е дека спиев со неа, но две години претходно и беше доброволно. Таа дозна дека тогаш веќе сум имал жена и деца и почна да ме уценува и да бара пари. Јас не се согласив на тоа, а потоа следеше и оваа пријава, раскажал Б.И. Кобниот настан се случил, ни помалку, ни повеќе, туку на венчавката на девојката.
-Славевме затоа што се омажи, а беше во љубовна врска со мојот пријател. И таа вечер тие спиеле, но било доброволно, немало никакво силување. Јас премногу испив, па не се сеќавам на деталите, но на крајот нас двајцата нѐ пријавила во полиција, рекол Б.И. додавајќи дека поради лагите, против неа ќе поднесе приватна тужба.
Евентуалната тужба ќе мора да го почека епилогот на судскиот спор во кој тој е обвинет. Со оглед на тешките околности на кривичното дело, односно на фактот дека се извршени повеќе полови односи со повеќе извршители, на обвинетите им се заканува максимална затворска казна во траење од 10 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст