| четврток, 6 декември 2018 |

Десет загинати при напад на исламистите во Могадишу

mogadishu_2015414182029

Најмалку 10 лица загинаа денеска при нападите врз две министерства во главниот град на Сомалија, Могадишу, за што одговорност презеде сомалиската исламистичка групација Ал Шабаб, јави ДПА.

Како што соопшти претставник на сомалиските власти, меѓу загинатите се осуммина цивили и двајца војници.

Тој информира дека владините сили возвратиле на нападот и по жестока борба успеала да преземант контрола врз зградата во кој се сместени министерствата за образование и за нафта. Во борбите се убиени седуммина од напаѓачите.

На нападот на исламистите на владиниот комплекс им преходеше експлозија на автомобил-бомба пред главниот влез на зградата.

Одговорност за нападот презеде групата Ал Шашаб, чиј портпарол Абдиасис Абу Мусаб соопшти дека станува збор за „света операција“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top