| четврток, 6 декември 2018 |

Австралија: Родителите кои не ги вакцинираат децата нема да добијат парична помош

vakcinacija-eb2dec6f

Во Австралија родителите кои нема да ги вакцинираат децата нема да добијат парична помош. Ќе им биде укинат паричниот надомест во износ од неколку илјади долари.
Околу 39.000 деца под седумгодишна возраст не се вакцинирани поради родителите кои одбиваат да потпишат согласност за имунизација.
– Само мал број луѓе ќе можат да ја одбијат вакцината поради медицински и религиозни причини – изјавил премиерот Тони Абот.
Австралиската медицинска асоцијација која ја сочинуваат 27.000 лекари, го поддржува овој план, но претседателот на асоцијацијата, доктор Брајан Овлер смета дека таквиот потег децата може да ги доведе во неповолна положба.
– Децата би можеле да бидат казнети поради постапката на своите родители – рекол Брајан.
Здравствената служба ги советува родителите да ги вакцинираат своите деца – особено оние кои живеат во рурални или помали заедници – против мали сипаници, заушки, рубеола, голема кашлица, тетанус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top