Со 58 гласови „за“ и три „против“, Собранието го изгласа новиот состав на Државната антикорупциската комисија. Меѓу новите членови на Антикорупциска комисија има адвокати, економисти, правници, и професор.
Петте нови имиња се: Горан Миленков, Игор Тантуровски, Најдо Спасовски, Сузана Таскова-Аџикотарева и Жаклина Дамческа. Сеиди Халили и Фарије Алиу се членови од стариот состав на антикорупциската.
Против гласаа пратеничките, Солза Грчева, Љубица Буралиева и РозаТопузовска – Кароска. Тие се сомневаат во нивната стручност, но не слушнале ниту дали тие се партиски независни.
Посочија дека Комисијата за време на своето работење не процесуирала ниту еден корупциски скандал.
Топузовска-Кароска смета дека Антикорупциската комисија треба да се укине. Пратеникот Зоран Илиовски пак вели дека Антикорупциската комисија добро си ја вршела работата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.