Денес околу 11.40 часот, во касарната ,,Чеде Филипоски – Даме“ во Кичево, за време на редовна физичка проверка, на 45 годишна возраст, почина подофицер на АРМ.
При проверката на една од дисциплините, на подофицерот му се слошило.
Со воено санитетско возило бил пренесен во медицинскиот центар во Кичево, каде лекарите по кратко време, констатирале смрт. Според првичните сознанија, до смрт дошло како резултат на инфаркт. На лекарскиот преглед пред почетокот на физичката проверка, не биле утврдени здравствени проблеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



