| четврток, 6 декември 2018 |

Истрагата за „Пуч“ заврши, јавноста ја знае вистината

zaev-pres-5Завршувањето на истрагата за случајот „Пуч“ во Јавното обвинителство потврди многу работи. Јавноста не се сомнева дека опозицискиот лидер Зоран Заев, кој е меѓу осомничените, соработувал со странските центри чијашто мрежа вршела прислушкувања во државата.

Тука главната работа, според доказите, ја вршел поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, а тоа го посочи и неговиот адвокат. Адвокатот на првообвинетиот Верушевски, Ангеле Илиевски, за медиумите рече дека обвинетиот рекол дека МВР била виновна што не обезбедила комплетна заштита, односно Верушевски го признава делото.

– Го објасни целокупниот систем на безбедност, како функционира и како треба да функционира и каде е грешката. Дека не грешката кај него, туку што МВР не си обезбедува комплетна заштита- рече адвокатот, со што на виделина излезе третото јасно признание во истрагата, по признанијата на петто- и шестоосомничените во случајот „Пуч“.

По пет часа поминати на распит и соочување со доказите од обвинителството, Заев наместо конкретна изјава, политички искоментара дека не требало тој да одговара пред законите, туку премиерот Никола Груевски и шефот на УБК Сашо Мијалков. Секако изостана објаснување за нелогичноста и одговорот на прашањето зошто, ако не биле странци, Груевски и Мијалков самите би си ги снимале разговорите, а нивна цел да е државниот врв. Згора на тоа, Заев јавно емитува материјали од наводни разговори од Сашо и од Влатко Мијалков.

Заев во низата нелогични изјави, во теснецот приклештен од доказите, иако претходно петто- и шестоосомничените ги нарекуваше патриоти, а од комуникацијата меѓу Верушевски и петтоосомничениот е јасно дека тие добро се познавале и се свесни дека креираните материјали со посредство на странските центри завршиле кај Заев – тој изјави дека не ги познава тргајќи ја одговорноста од себе свесен дека сценариото им се распрсна.

Низ целиот процес на истрагата лидерот на социјалдемократите ги признаваше еден по еден од доказите што истекуваа во јавноста, како разговорот во премиерскиот кабинет кога признава соработка со странски служби. Следеа признанијата дека го познава Верушевски, комуникацијата со него, набавката на компјутерска опрема, автомобили, го призна писмото напишано на рака со наведени контакти со странска влада.

Фатен во тесно, Заев повторно се сопнува на сопствените лаги и измами. Разголено е неговото сценарио за дестабилизација, внесување криза и уривање на системот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top