| четврток, 6 декември 2018 |

Германски „Техникал текстил“ носи 1.000 нови вработувања

132597608
Германската компанија „Техникал текстил“ од мај годинава почнува со работа во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип. Станува збор за инвестиција вредна 12 милиони евра со која е предвидено да се отворат 1000 нови работни места.

Сопстевеникот на компанијата Јанс Вендлер денеска оствари средбата со премиерот Никола Груевски по што беше потпишан договорот за инвестицијата.

Фабриката се занимава со производство на изолациски материјали за градежната, автомобилската и авионската индустрија. Во првата фаза се планирани вработувања на 500 до 600 лица.

132597610
Вандлер истакна дека сакаат да почнат со работа што е можно побрзо и според планираното фабриката ќе биде отворена за 4 недели.
132597616

Тој посочи дека планираат да вработат околу 1000 лица кои ќе биде потребно да имаат искуство главно во бизнисот на печатењето.

Истакна дека условите за инвестирање во Македонија се далеку подобри од Абу Даби, каде што на почетокот планирале да ја отворат фабриката. Доколку сѐ функционира како што треба, најави и воведување нова технологија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top