| четврток, 6 декември 2018 |

„Тајм“: Путин е највлијателна личност во светот

putin_7
Рускиот претседател Владимир Путин се наоѓа на чело на листата од 100 највлијателни луѓе во светот, покажуваат конечните резултати од анкетата спроведена меѓу читателите на американското списание „Тајм“, наведува ова списание на својата интернет страница.

Во анкетата Путин освои 6,95 отсто од гласовите на читателите, што е повеќе од сите политичари, општествени или верски лидери на листата, пренесува агенцијата ТАСС.

Гласањето заврши во петокот, резултатите се објавени денеска, а планирано е на 16 април да се објави листата според изборот на редакцијата, пренесува Танјуг.

Далај Лама освои 1,7 отсто гласови, поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциско има 1,5 отсто, американскиот претседател Барак Обама -1,4 отсто, додека претседателите на Кина, Кси Џинпинг, и на Сирија, Башар ал-Асад, односно германската канцеларка Ангела Меркел добиле по приближно 0,9 отсто од гласовите на читателите.

Поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон, која вчера најави дека ќе се кандидира за иден шеф на државата, има 0,8 отсто гласови, додека украинскиот претседател Петро Порошенко има 0,7 отсто, наведува руската агенција.

На второ место на листата се наоѓа Ли Чае-рин, попозната под името ЦЛ, јужнокорејска пејачка на групата „2НЕ1“ со приближно 6,9 отсто гласови, додека Лејди Гага е на трето место со 2,6 отсто гласови.

Списанието наведува дека 57,38 отсто од учесниците во анкетата гласале од територијата на Соединетите Американски Држави, 5,54 отсто од Канада и 4,55 од Велика Британија, наведува ТАСС.

„Тајм“ излегува од 1923 година и својот рејтинг го објавува од 1999 година, а на листата се наоѓаат луѓе за кои читателите сметаат дека нивните постапки имаат најголемо влијание на ситуацијата во сетот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top